Славчо Попоски алармира: Страшното невреме од Словенија се спушта кон Македонија

Силниот дожд предизвика големи поплави во западна, северна и делови од централна Словенија, додека Агенцијата за животна средина (АРСО) го крена алармот на највисоко ниво бидејќи се очекуваат нови врнежи и поплави.

Истото ја зеде и првата човечка жртва откако едно лице загина во поплавите во Камник на северот на Словенија, објавија медиумите.

Порталот Камник.инфо објави дека водата однела постар жител во атарот на населбата Бистричице.

Полицијата утринава соопшти дека пред куќа во месноста Камник е пронајдено тело на мештанин, но дека поради поплавите не можеле да излезат на местото на настанот.

Катастрофални поплави ја погодија Словенија! Страшното невреме се спушта кон јужните и западните предели од Балканот

Ова невреме кај нас ќе пристигне во сабота попладне и во вечерните часови и на повеќе места ќе услови интензивен пороен дожд, силни грмежи, бурен ветер, како и појава на град , кој локално би можел да биде крупен.

Поради очекуваното силно невреме, препорачуваме граѓаните да бидат крајно внимателни, вели Славчо Попоски