Слобадан ослепел поради докторска грешка, но тоа не го спречило да зборува 10 јазици, програмира и компонира

Иако го изгубил видот поради лекарска грешка додека бил во инкубатор заедно со сестрите Вера и Нада, Слободан Бркиќ (31) цел живот се однесува „како ништо да не му е“ .

Тој е студент на Факултетот за политички науки во Белград, зборува 10 јазици, се занимава со програмирање, компонира на клавир, ги учи другите за православието, а неговата главна цел, како што вели, е да му служи на Бога и на човештвото.

– Нада дипломираше на Музичката академија како најдобар студент на нејзиниот отсек, додека јас се одлучив за меѓународни односи.

– Негрижата на докторот резултираше со слепило во инкубаторот, но тоа не го гледам како моја мана или хендикеп иако се работи за физички хендикеп, но верувам дека секој треба да се фокусира на тоа што може, а не на она што не може.

– Никогаш не сум го сметал слепилото толку негативно. Секако, имаше различни тешкотии во животот со кои морав да се носам, но секогаш се фокусирам на добрите страни и се трудам со мојот пример да придонесам за човештвото во секоја смисла – вели овој скромен и позитивен млад човек.

Тој е љубител на јазици, сака да учи различни култури, па како од шега научил да зборува совршено „само“ англиски, италијански, јапонски, француски, латински, португалски, старогрчки, грчки и армејски.

– Ми требаат околу три месеци да го научам јазикот. Порано учев околу 5.000-6.000 зборови на ден. Би сакал да знам многу повеќе, па мислам дека ќе успеам во тоа – вели Слободан за ,,Хепи тв”

Признава дека за време на неговото воспитување и школување имало проблеми на кои наидувал, пред се поради материјалите за учење кои не биле прилагодени на лицата со оштетен вид.

– Секое време си носи свој товар. Имаше проблеми за време на училиште кога немаше паметни телефони, но се беше аналогно и рачно, помагалата за учење беа прилично скапи, но со добра волја, поддршка од родителите и пријателите, се е можно.

– Моите родители, особено мајка ми, секогаш беа тука за мене и за моите сестри, сите заедно успеавме да го најдеме патот и да се избориме за место под ова небо – вели Слободан.

Овој весел човек покрај тоа што е полиглот е и вљубеник и познавач на светските политички говори, а моментално на памет знае околу 600. Сепак, најмногу е посветен на православието и на учењето православие.

– Мојата цел во животот е да им помагам на луѓето и да придонесам за хуманоста и да ја ширам Христовата љубов. Сакам преку мојата посветеност да покажам дека овој свет сепак може да биде поубав,

– Дека луѓето можат да бидат подобри само ако сакаат, дека се е можно кога сакаат, дека верата ќе не спаси и ќе помести планини, рече Слободан.

Слободан држи часови по јазик и пијано, во слободно време компонира, држи мотивациони разговори и пее во хорот на црквата „Свети Марко“.

– Ако веруваме во нешто, некогаш ќе ни се случи. Мора да веруваме и да размислуваме позитивно, без да им нанесуваме ште та на другите на сметка на нашата вера, нашите дела или злоде ла – вели Слободан, кој е голема инспирација за сите негови пријатели.