Српскиот пејач: Цела Виница нема 4 000 евра, започнаа да ги соблакаат патиките и часовниците

Филип Арсенијевиќ попознат како Суреал е српски рапер кој веќе долги години е на сцената а неговите песни бројат милионски прегледи на листите за слушање.

Тој беше гостин во емисијата ,,Испод нуле” во која отворено зборуваше за својата кариера и живот, а сподели и момент за едно негово непријатно искуство во Виница.

– Настапувавме во Виница на настан наречен ,,Фрозен Фестивал”, но таму не дочека еден голем распад, одиме да настапуваме и не водат во сала за венчавање.

– Буквално во сала за венчавање со сите тие бели завеси и столови со бели наметки. Таму сите се викаат или Филип или Александар, вели низ смеа Суреал.

– Но видете за нив можеби ова е фестивал. И ние си ја завршивме нашата работа, настапивме и на крајо требаше да не платат.

– Требаше да ни дадат коверт, ми велеа ,,почекај ќе стигне”. И така си чекаме, пола час, па еден,два и така помина извесно време.

– Во тие мигови јас му велам на мојот менаџер дека овие немаат пари. За два часа би се стигнало и до Грција што се вели.

– За настапот требаше да добиеме 4000 евра, доаѓа тој што беше одговорен за настапот и ми носи 1300 евра и ми вели дека има само толку.

– Започнаа да ги нудат и својте часовници и патики, почнаа да се соблакаат. Јас се зачудив и не го прифатив тоа секако, што ќе ми се мене 100 часовници и патики.

– Но им вративме на свој начин, останавме во Виница уште два дена, ни го продолжија и хотелот. Во понделникот одевме од куќа во куќа и земавме пари од нивните родители.

– Притоа цела Виница нема 4000 евра, одвеме буквално од родители нивни земавме, од тој момент некако ми оди се надолу, вели низ смеа раперот Филип, познат како Суреал.