Станислава Чочоровска распали: Газите преку мртви за партиски популизам во скапаница од земја

Станислава Чочоровска на својот фејсбук профил сподели објава која привлече големо внимание:

Левица од Велес “ќе ги враќала” моштите на Панко Брашнаров од загребачки Мирогој во Велес. Не е вистина дека посмртните остатоци на Господин Панко Брашнаров почиваат на Мирогој.

Господин Панко на Голи оток робијал во барака број 6, починал во затворската амбуланта на рацете од татко ми кој бил интерниран како студент на медицина.На Голи оток гробишта нема.Околу Голи оток кружеле ајкули.

Прекинете со продолжени удбашки приказни за масовни гробници на Мирогој. Спиеле на голи даски, умирале за чаша вода, незамислива тортура и “хумана” удба мртви тела ќе пренесува во Загреб да погребува.

Газите преку мртви за партиски популизам, во скапаница од земја во која никогаш на дневен ред не дошла рехабилитација на сите интернирани на Голи оток.

Сами знаете зошто, затоа секој во оваа партал држава што се бави со политика е од удбашкото дувло. Задоени сте дека сите кои биле на Голи оток тоа го заслужиле.

И сега внуци, правнуци на тие што го пратиле Панко на Голи оток, повторно сакаат да профитираат на јадниот човек. Племе непрокопсано, не лажете го народов, нема што да вратите. Вашите дедовци го пратиле Панко на пат без враќање, без гроб. А кога немаш гроб, како и да не си постоел.