Станко: Ситиот не го разбира гладниот, од мојот фрижидер и глувците бегаат

Станко Игњатовиќ (68) од Желеќе живее во мала куќа без врати и прозорци, со само еден камин. Зема минимална социјална помош а се облекува и храни од ѓубрето.

– Живеам без вода и струја. Кога беше лето, ја загревав водата на сонце и се бањав. Во оваа куќа имав камин што ме грееше и ми помогна да ја преживеам зимата, ми го подари директорот на социјалните служби – објаснува Станко.

Станко рече дека се хранел главно со ѓубре на депониите. Вели кога има некој веселби оди и го собира остатокот што го фрлаат.

Како што вели социјалната помош што ја зема речиси целата му оди во трошоци кон државата а и некој лекови не може секогаш да ги земе.

Исто така, пензијата ја чека цели 5 години. Вели дека има ангажирано и адвокат, но дека се’ уште чека и нема никакво решение.

– Имав жена 21 година помлада од мене, таа имаше 29, а јас 50. Имаме син, тој е 9-то одделение, добар ученик е. Вели дека сака да влезе во Богословијата.

Порано се даваше од срце, но сега веќе не е така. Не би сакал тој да нема што да јаде како мене. Затоа што немам со што да се греам, немам што да јадам, но ситиот не го разбира гладниот.

Во фрижидерот висат два глувци од глад, немаат што да јадат и тие ќе избегаат од фрижидерот- вели Станко на крајот од разговорот за Среќо Стиповиќ.