Стефан: Како на мама после ова да и дадам надеж дека борбата мора да продолжи со канцерот

На својот профил Стефан Јованов се огласи со емотивен статус во кој што вели:

Пред околу 6 години паметам , Јануари празнична атмосфера, семејно расположение, јас некаде во втора година од студиите, што туку почнал нешто да осознавам околу медицинава, влегува мојата мајка во мојата соба да се пожали на мака и да се консултира со мене како иден доктор.

Побара од мене да направам инспекција на усна празнина, заприметила некаква промена додека миела заби, се посомневала на афта.Погледнав јас, на афта не личеше. Прашувам : пече ли мајко дур миеш заби ? Одговара :Не А кога јадеш , кисело, солено , реакција некаква има ли ?
Повторно , не

Има една анегдота , не прашувај студент по медицина што ти е , затоа што или имаш срцев удар, или имаш рак или си на смртна постела.
Инсистирав да ги направиме сите прегледи, промената лоцирана лево букално со дијаметар од 3 цм, ми наликуваше на прв поглед на некротизирано ткиво.

Така и бидна, од матичен стоматолог на Максилофацијална хир. , хистопатолошки наод, паметам чекавме 3 недели.Резултатите во плико, ние дома 4 цата, го отворивме пликото, најчудната тишина во мојот живот, CARCINOMA PLANOCELLULARE.

Шест (6) години поминаа скапавме по онкологија и хирургија , си велам колку ли пати згрешија колку ли пати мајка ми била една од тие терапии.Само во последнава година 10 хемотерапии и никаков резултат, со изговори, послаба терапија ординирале, немала ефект, да смениме.

Ќе си кажев добро не секој цотостатик кај секој тип на канцер го дава посакуваниот резултат, ама па 10 без ефект ??????? Како да и објасниме и дадеме надеж после ваков скандал дека борбата мора да продолжи ???

Како да се помириме ние како семејство дека и понатаму треба да ја лекуваме нашата мајка во таа институција ???Ги немаме сите парите што ги искрадовте да се лечиме во Систина…Само ние како семејство си знаеме што поминавме и што поминуваме.

Само тој што ја осетил маката на своја кожа знае во моментов каков револт и гнев го надвладува.Уште колку семејства треба да пројдат низ голгота во државава за ние да развиеме колективна свест и да кажеме доста е ?

Уште колку несреќни ситуации и уште колку семејства ќе растурат за да им кажеме крај ???Зарем толку ви вредат животите што ги живеете ???Пак ќе пишам солзите од пред таа онкологија сите до еден да ве стигнат !ИЛИ НА УЛИЦА ИЛИ ПОСЛЕ ГРАНИЦА . ТОЛКУ Е !!!!