Стефан Лазаров: За кој млади да бидам пример, за тие што ќе избегаат од државата – Господ да ни е на помош на сите

Јутјуберот Стефан Лазаров постојано знае да привлече внимание на социјалните мрежи, па така беше и овојпат кога напиша:

Продавале лекови за да профитираат на цена на човечки животи во Онкологија.. Добро уште што треба да се случи во државава за да се стави крај на голготава во која живееме?

Уште колку луѓе треба да умрат за некој таму горе да каже стоп, ако ништо друго дека Бог ќе ги казни. Како е возможно до толку да немате човечност.. да одиш со надеж дека има спас, а во исто време да одиш директно во гроб.

Европска Унија, европски стандарди? Да ви се мочам во се што промовирате, за нигде не сме, најмалку за некаква си унија.

И ќе ми каже некој после биди пример за младите, за кој млади? За тие што ќе избегаат од државава?? Господ да ни е на помош на сите…