Стефан Лазаров: Ја оставив Марта поради Антониа Гиговска, жал ми е што не зборуваме денес

Јутјуберот Стефан Лазаров отворено во својот поткас зборуваше за својот живот, односно одговараше на прашањата на Зоки Фаци.

-Пред пет години дури бев во врска со сегашната сопруга Марта јас развив симпатии кон Антониа Гиговска, почнавме да се дружиме. Дојдов во ситуација кога направивме целосна дружба, не понесе моментот, но јас бев искрен. Тогаш и кажав на Марта и раскинавме.

Со Антониа бевме месец дена и стварно бев среќен, но дојдов во ситуација да сфатам дека многу ја сакам Марта. Едноставно и се вратив, а Марта ми прости. Но тоа беше на детски години, јас имав 20 години тогаш.

Мене ми е жал што со Антониа не разговараме денес, многу подршка сме си давале, но жал ми е што денес сме така.