Стојанче Ангелов: Благодарност до нашите сограѓани Албанци

Стојанче Ангелов се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:

-КРСТОТ Е БЕЗБЕДЕН, БЛАГОДАРНОСТ ДО НАШИТЕ СОГРАЃАНИ АЛБАНЦИНа, за денес најавениот протест во Тетово против крстот на Попова Шапка, не се појавил безмалку никој.

Благодарност до нашите сограѓани Албанци кои не дадоа поддршка на рушењето на крстот и со тоа покажаа почит кон нашите верски чувства.
Најдобро за државата, најдобро за Македонија, најдобро за Македонците, Албанците и сите останати граѓани би било кога во претстојната политичка битка не би се злоупотребувале верските чувства и меѓуетничките односи.

Го повикувам градоначалникот на општина Тетово да го поништи провокативното и незаконско решение за отстранување на крстот.