Тамара, сопругата на Димитар Апасиев: Или ќе се свестиме или лесно можеме да станеме Палестинци на Балканот

Тамара Јованов, сопругата на Димитар Апасиев, се огласи на својот Фејсбук профил како и обично и напиша:

Гледам интелектуалци заговараат бојкот или поништување ливчиња на следни парламентарни избори, кои пази, немаат цензус!!!И тоа, да било масовно.Ок. Ај да ја видиме логикава:Што значи избори без цензус?Во кратки црти – колку излегле и заокружиле некого, тие одлучиле.

Неважечки ливчиња не поништуваат избори. Бојкот не поништува избори.Да упростам, 2% да излезат и заокружат некого, тие ќе одлучат кој ќе ја има власта следни 4 години.Избраните пак, ќе влезат во Собрание и ќе носат одлуки ЗА СИТЕ, вклучително и за оние кои не гласале или поништиле ливче.

Другари, можете вие да сонувате колку сакате, ама во политика секогаш победува реалниот, практичниот.
Не тој што е во право, не ни задолжително тој што е најдобар (се гледа во нашиов случај ова најдобро), туку тој што во клучен момент знае како да постапи.

Реалноста за следни избори вели: излези и гласај за некоја друга опција, освен за двете зла. Да влезат во Собрание повеќе други, нови луѓе, кои не се во матрицата на дпмне-сдс. Со двајца од Левица внатре, не им беше толку едноставно да прават се’ што имаа замислено. Инаку, досега и промените во Уставот ќе беа завршена работа, а мал милион криминали немаше ни да ги знаеме.

Замислете со 10 или повеќе нови луѓе, кои ќе запираат правење штети, ќе алармираат ќе се борат за државата!Не ви се допаѓаат од било која причина?Таман.Засукајте ракавите, организирајте се и влезете си вие во рингот. Направете повеќе и подобро.Или приклучете се кон нив и менувајте го она што не ви се допаѓа, од добра стартна позиција.

Вака, мрчењево и планот ви се тотално контрапродуктивни, оти некој на власт ќе дојде, повеќе од сигурно.Даноци и сметки, освен ако не се иселите, ќе плаќате повеќе од сигурно.Болниците, судовите, училиштата и администрацијата ќе ви затреваат кога-тогаш, повеќе од сигурно.

А за сето ова, нужно за живот (колку и да не ви се допаѓа), ќе одлучуваат токму тие кои се избрани од оние кои биле практични во клучниот момент.Значи, наравоучение, особено за интелектуалците – изборот е лесен: или учествуваш во изборот на оние кои ќе одлучуваат за сите нас во Собрание или нема да учествуваш, ама пак ќе ги сносиш сите последици од нивното владение.

Патетиката е контрареволуционерна! Следните избори се клучни за Македонија и за народот во неа.Или ќе се свестиме конечно и ќе имаме надеж за своја држава или лесно можеме да станеме Палестинци на Балканот.Идеални услови нема – делуваш во дадениот историски контекст, ама реално и мудро, а не патетично!