Сузана Спасовска се огласи: Дојде и тој ден

Македонската фолк-пејачка Сузана Спасовска македонската песна ја негува уште од 80-тите години и има снимено над 15 самостојни аудио и ДВД изданија.

„Сузе Национале“, „Бисерното грло на Македонија“, „Амбасадорот на македонската народна песна“ се само дел од синонимите за Сузана Спасовска.

Желбата за пеење ја поседува уште од најрана возраст. Успева да стекне голема популарност и да се закити со статус на вистинска музичка ѕвезда кој постојано го одржува и оправдува повеќе од три децении.

Спасовска на својот Фејсбук профил се огласи со убав повод и напиша:

И дојде тој ден, 24 Август, мојот именден и роденден! Нека си се множат годините! Нека е за многу години денешниот ден, Св.Сузана!