Тамара, сопругата на Апасиев ги спомна нашинците кои се иселија во Америка и Германија

Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица и актуелен пратеник, Димитар Апасиев се огласи пред на својот профил на фејсбук каде напиша:

Колку треба да си недоветен за да својот народ си го избркаш во Германија и Америка, за потоа работници да увезуваш од Пакистан!?

Колку пак, треба да си лу д, да гласаш такви недоветни и да им дадеш моќ да ја прават државата пе пел, додека они се богатат, а ти што си ги гласаш, осиромашуваш и велиш, добро е, може и полошо!?

Па нормално дека може и полошо, кога гласот си го продавате за ситен личен “интерес”, наместо да барате развој на општеството, со рамноправност и еднакви можности за сите!

За промена, не е лошо да помислите, барем на секунда, дека може и подобро! Инаку, тоа полошото, е стигнато – ви го сменија идентитетот, името, не’ испокрадоа за наредни 10 генерации, не тр ујат секој божји ден буквално,

Здравство и образование има само ако можеш да ги платиш колку целата твоја годишна плата или 5, ја продаваат плодната земја, еве сега, ќе увезат и Пакистанци, да ги заменат нашите деца што аргатуваат по светот.

Пек олот на Данте, по нас е правен! Пс. Ништо лично против Пакистанците. Дури ми е жал за нив – тука ќе ги носат за експ лоатација. Сигурно ништо арно не им спремаат.