Тамара, сопругата на Димитар Апасиев: Кажувајте каде да частам вечер за 10.000 потписи за проф. Ванковска

Тамара Јованов, сопругата на лидерот на Левица, Димитар Апасиев се огласи на својот фејсбук профил каде што напиша:

-Откако откривме дека сум “милионерка фабрикантка”, кажувајте каде да частам вечер за 10.000 потписи за проф. Ванковска?

Пс. Луѓе, заедно историја испишуваме – историја за одбрана на Македонија!Бидете горди, радувајте се!

Никогаш претходно, никој друг не собрал 10.000 потписи без клиентелизам, вработувања, поткупи во вака окупиран систем!

Овој чекор сам по себе е победа за чесниот и добронамерен народ, кој си ја сака Македонија.