Тања од Крива Паланка: Детето го испраќам во училиште гладно, исмејувано е од другите поради ситуацијата

Тања Стојановска е родена и порасната во Крива Паланка. Солидното детство за неа најавувало и солиден семеен живот. Но, веднаш после мажењето и добивањето ќеркичка, таа започнува да се соочува со проблеми. Морала со сопругот да живее под кирија каде трошела поголем дел од заработените пари. Најтешко и било што уште на девет месеци морала да ја остава малата кај мајка и за дади на работа. Но, по извесно време тешко го преживува и отказот кој значи почеток на големите маки и беспарицата. Умира мајка и и се крши најголемиот столб во нејзиниот живот. Одлучила со спругот да дојде да живее во родната куќа каде живеел и татко и, а на горниот спрат брат и. Така барем не морала повеќе да плаќа кирија. Полесно било до лани кога бил сеуште жив татко и и помагал.

Денес ќеркичката е во основно образование, а работи само сопругот. Но, тоа е премалку за да може да се издржи во месецот, посебно со заглавена сметка во неколку банки и извршители. Бев принудена ќе рече таа со празна трпеза да ја дочекам Св.Никола и празниците. Детето го испраќам во училиште гладно. Исмејувано е од другите. Порано кога бев во постабилна ситуација ме познаваа сите и роднини и пријатели. Денес, немам никој. Не му требам на никој. Малкумина се оние кои сакаат да ми помогнат да го надминам овој тежок за мене период. Затоа, ќе го замолам народот, помогнете ми ако не за мене, за Дијана мојата ќеркичка која сака да биде како другите деца и да не биде омаловажувана на училиште.

Тања е родена и порасната во населба Бадлак, паланечко. Мирно и стабилно живеела како дете со родителите и братот. Откако се омажила и преселила под кирија првите 3.5 години живеела тешко. Иако работела и таа и сопругот. Мајка и и го чувала детето првата година, а таа одела на работа.

Вработен е и нејзиниот сопруг, но со минимална плата. Па, по смртта на мајка си таа добива отказ и не можејќи да ги плаќа долгвоите се враќа во куќата на татко и за да можат да преживее со семејството. Подигнала 2000е кредит со цел да реновира, но парите отишле за погреб за мајка и. А, дополнително, семесјтвото на Тања запаѓа во дно, откако пред година ипол починал и татко, па со малиот остаток од платата на сопругот не можат да го поминат месецот.

-Пораснав во населбата Бадлак. Имав убав детески живот додека растев покрај моите. Откако се омажив излговме со сопругот под кирија и таму ни се роди Дијана. Работевме и јас и сопругот и дека малата ни беше бебе, мораше да ја чува мајка ми. Но, пред девет години мајка ми почина, па јас земав боледување зашто немаше кој да ми ја чува ќерката, па наскоро добив и отказ од работа. Подгнав и кредит за да реновирам кај моите, но парите отидоа за погреб на мајка ми. И, веќа започнавме да тонеме. Мораше да се преселиме кај татко ми зашто не можевме веќе да плаќаме кирија и сметки. Не ни остануваше за храна иако сопругот работеше. И, некако живеевме се додека лани не почина и татко ми и веќе почнавме да тонеме-вели Тања.

Турбулентни се последните години за семесјтвото на Тања. Сопругот зел кредит за да погребе близок роднина и пак запаѓаат во криза. И, минатиот месец ќе каже таа, со празна маса ги прославиле празниците и Нова Година. Детето поради состојбата и е често мета на исмејување во маалото и училиштето, а дете ко дете сака и бара како и другите деца. Тоа и е и најтешко на Тања. Бара помош од разни хуманитарци, но досега со ретка чест на исклучоци други и немаат помогнато. Разочарана е ќе додаде зашто не и помагаат ни роднините, а таа кога имала ма сите им помагала. Затоа замолува храна, средства за хигиена, лекарства машина за перење и се најнеопходните работи во моментов за да може и таа, но и нејзината мала гордост од ќерка да жиеат полесно и таа да не се срами на училиште.

-Во меѓувреме сопругот не ме послуша и подигна кредит за да погребе близок роднина. И, уште повеќе заглавивме. После татко ми се е полошо. Остануваме и без храна. Купував на вересија, но еден ден продавачот не ми даде да пазарам храна за детето и ми ги испразни производите од ќесе кога слушна дека немам пари.

А, ќе ги платев кога ќе имав, ама не ми дозволи да си го нахранам детето и тоа многу ме повреди.Немам ни машина за перење , а болна сум не можам да перам на раце. Немам за храна, за лекови и затоа се пријавив кај вас. Инаку, секаде барав помош, ама сите ми викаат вие не сте социјален случај. Какви се тие хуманитари што бараат потврди за да добиеме храна. Па, дали тие можат со 5600 денари колку што ни остануваат можат да преживеат?! Затоа, замолувам да ми помогнете да го надминам овој тежок период за моето семејство-вели Тања за Срце на Дланка.

Кога човекот е тивок не треба да го прашуваме за причината.Сигурно или има преголема болка или некој многу му недостасува. Тогаш како цела земја да се руши врз него. Не дека убав збор и прегратка нема да помогне, туку понекогаш и нема од кого да ги добие тие работи. Затоа и целта на тешките денои не е да ни го загорчат животот, туку малку за да размислиме како сме се однесувале во оние добрите кога сме ги имале и грешките да не ги повторуваме.

Доколку сакате да помогнете на семесјтвото на Тања Стојановска тоа можете да го направите на нејзината жиро сметка 210501676263160 или на нејзиниот телефонски број 078373598