Тигрите вечерва одново во акција, овојпат во Чаир – има претепани и уапсени

Пред неколку моменти телевизија Алсат извести за инцидент меѓу специјалната единица Тигри и некои лица во Скопје, веднаш до Јахја Пашината џамија, пишува Алсат.

Од неофицијални информации и извори на телевизијата, се вели дека од страна на Специјалната единица Тиграт бил запрен автомобил.

Возачот и некои други лица кои биле со него биле тепани, а потоа и уапсени.

Причина за запирањето на автомобилот и интервенцијаа засега не се познати.

Исто така, по неофицијални информации овие лица се веќе приведени и испратени во полиција.