Тони Михајловски: Куманово е една тешка дупка од град, провинција на 35 километри од Скопје

Тони Михајловски Шанац е човек со низа професии кој е истакнат македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, водител на радио и телевизија и стоечки комичар, а еден период беше активен и во политиката.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година.

Пред некое време се пофали дека конечно добил лична карта со адреса на живеење во Скопје, така што веќе е жител на Скопје. Извесен период беше актуелен и како кандидат за градоначалник на Куманово, но безуспешно.

Тони Михајловски беше гостин во емисијата Г Карпет на Канал 5 каде отворено зборуваше зошто се кандидирал за градоначалник, но ја откри и причината поради која се повлече од политиката.

– Куманово е една тешка рупа од град, една тешка дупка направена. Дупка од град, провинција на само 35 километри од Скопје која нема кино, нема хотели, нема јавен тоалет, нема велосипедска патека има само околу новиот кружен тек.

И ред други работи. Тоа е мало Скопје за мене бидејќи 80 посто од кумановци студираат и учат овдека и тоа е првиот град од граница којшто сите Срби како доаѓаат навака го избегнуваат. Бегаат од него.

Тешка Паланка. Мислев да го дигнеме малку градот, сепак сум носталгичен спрема него, љубовта кон него е само нешто мешу мене и него не зависи од никој противкандидат.

Овдека сме примени супер, во Скопје, како и сите други. Ја им кажав не сакам некој да ме дознае преку ова, да бидам популарен. Транспарентно ќе биде секој што работел таму или заглавува или не заглавува таму.

Едноставни се работите – како се прави градинка, како се прави школо и тогаш им го реков во кампањата..само не треба да ги укр адеш 100те илјади евра и после лесно се прави.

Моите пријатели ме наместиле и јас испаднав колатерална шт ета, топовско место за Куманово и тоа ме разочара и се повлеков од политика. Дистанциран сум, од тие избори наваму се враќам во театарот, не сум политички активен, вели Михајловски.