Тони од Штип си ја продава куќата: Во последниот месец секој ден му ја ограбувале куќата – буквално му ја испразниле

Тони Јосифов е најограбуваниот штипјанец. Несреќната титула ја стекна со неброени кражби од неговата куќа. Кулминација на се, се последните 30 дена.

Јосифов тврди дека од 30 мај до 30 јуни бил ограбен е најмалку 30 пати, буквално секој ден кога ќе се врати дома нема некој апарат или дел од покуќнината.

Последниот пат останал без садоперот комплет со водоводните цевки. Очаен и под псхилошоки притисок донесува животна одлука да ја прдаде куќата и да се спаси од кражбите.

„Се мислам да ја продадам куќата и да отидам на помирно место, да бегам од тука дека сум се родил, дека сум раснал, каде било мирно и немало кражби. Но во овие три до пет години секој ден има кражби во цело мало“ вели Тони.

Тој живее сам во куќата, болничар е по професија и на работа оди и двојна смена и дежурства, а тоа крадците добро го знаат.

„Јас сум нон стоп во градот, а кога ќе се вратам дома гледам дека по нешто недостастува“ вели Тони.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Стар.