Ване од Велес во солзи раскажува низ што минува: Тоа е гребење по коските, тоа не го доживеале

Пред Владата денеска попладнево почна протестот на граѓаните кои го изразуваат својот револт во врска со случувањата на Клиниката за онкологија.

Меѓу пациентите кои денес беа пред Клиниката за онкологија е и Ване од Велес кој првично бил со дијагноза рак на дебелото црево кој потоа се проширил и на белите дробови и на црниот дроб.

– Тоа е гребење, по коските, по нервите.. не го доживеале, греота е ова што го прават со народот. Не знаеш таму што ќе ти стават, таа ти препишува едно, а кој гарантира дека ќе го добиеш тоа?

Од овие пари што ги зимаат, тешки пари, да утре на детето му купат џип кола или да седнат во ресторан или на летување да одат, вели Ване пред камерите на Канал 5.

За неговата докторка онколог има само пофални зборови, но одамна ја има загубено довербата во здравството. Целиот прилог може да го погледнете на Канал 5 телевизија.