Трајче отворено сведочи: Мене лично сестра ми нудеше приватно да купам лек за мајка ми која почина од рак

Сомнежите за терапиите што ги примаше мајка ми започна после првата „хемо”. Од сестрите што работат на Пет скен ни беше понуден некаков друг лек што наводно го немало на Онкологија. Веројатно тоа е каналот каде што се препродавале, ние не се согласивме и сакавме целата работа да оди регуларно, но на крајот, за жал, ја изгубивме мајка ми.

Вака Трајче Китановски раскажува за искуството на Онкологија, гневен и разочаран вели „Господ да им е на помош на пацинетите” кои сега се таму.

“Таму една од сестрите ми спомна дека го немало лекот, но она познавала некоја сестра што работи на онкологија, која ги има тие лекови,и дека она ќе ми помогне тоа да дојде до мајка ми. Значи тоа бил тој канал, мене лично ми понудија” – вели Трајче Китановски за Алфа ТВ.

Трајче вели дека на почетокот перосналот се однесувал добро со неговата мајка, но сето тоа се променило кога таа се јавила во емисијата „Збор по збор“ на ТВ Алфа за да се пожали дека ги нема потребните лекови и дека со месеци чека за терапија.

Ова е дел од јавувањето на Мимоза од август лани, таа за жал помалку од една година подоцна таа почина.

“Откако се јави на Телевизија да ја соопшти вистината дека нема лекови,услуга нема никаква, лекови чекавме и по четири месеци а она треба да го пие секој ден. Кога ја кажа вистината како техничарот кога ја примаше последната хемо и поради негова грешка ја испушти небаре цела терапија на земја, оти имало примено воздух.

И кога го кажа тоа јавно, директорот тогашен, д-р Нино Васев ја викна кај него во канцеларија да разгиовараат, 40-тина минути,после тоа мајка ми беше видно вознемирена, тој ја искарал,оти кажала на телевизија со објаснување дека не требало да се дознава и дека тоа било лага. Имавме притисоци од него.” – вели Китановски.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Алфа ТВ.