Трегедија: Во раните утрински часови пронајден млад мртов маж во паркот во Прилеп

Уште една трагична вест утрово осамна во јавноста, а истата вели дека однесе уште еден човечки живот.

Како што информираше МВР за настанот е нотирано следново:

-На 14.01.2024 во 06.58 часот во СВР Битола, од Јавно комунално претпријатие „Комуналец“-Прилеп било пријавено дека во паркот спроти Плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп бил пронајден починат Г.В.(42) од Прилеп.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, a по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.