Три млади српски момчиња претепани во Косово од тамошната специјална единица на полицијата

Страстите на Косово не мируваат, напротив секојдневно расте тензијата, а бележиме уште еден сериозен инцидент.

Тројца српски млади момчиња биле претепани од припадници на елитната единица на косовската полиција ФИТ во местотот Горње Вараге во општина Зубин Поток, дознава Косово онлајн.

Според информации од терен, биле претепани младите М.Р., М.С., и М.Ј., кои на локалниот пат кон дома ги пресретнале припадници на ФИТ и брутално ги претепале со навреди.

Според претепаните млади, членови на ФИТ ги обвиниле дека илегално го преминале административниот премин, по што ги собориле на земја и ги претепале.