(ФОТО) Татко, син и внук уловија вистински „ѕвер“ во Стрежево, па се пофалија – ова ретко се гледа

Од ЈП “Стрежево” – Рекреативна зона “Акумулација Стрежево” утрово се огласија на социјалните мрежи каде што напишаа:

Три генерации риболовци уловија уникатен примерок на сом капиталец со должина од 180cm и тежина од 44 килограми

Татко, син и внук викендов на акумулацијата Стрежево направија подвиг за незаборав.

Уловен е најголемиот примерок на сом на кој може да се сетат дури и најискусните риболовци на Стрежево.

Им честитаме срдечно на Петраки, Тони и Филип Василеви на овој голем успех и им се заблагодаруваме на одличната соработка.