Утрово почината познатата македонска новинарка – нејзиниот глас сите го слушавме и препознававме

На 57годишна рано изутрината возраст почина Весна Крстева главен уредник на Канал 77.

Крстева имаше 28 години плодна радиска кариера, која траеше се’ до петокот, 15 септември, кога, и самата незнаејќи, се одјави со своите последни вести на националното радио. На уредничкото место беше 13 години.

Новинарството е професија во која Весна целосно ја предаде својата личност и преку проектот кој и’ ја даде целата новинарска слава со циклусот емисии „Судбо, моја судбино“.

Преку неа откри многу мали-големи луѓе, зборуваше за животот и нивната судбина, животниот пат. Беше вљубеник во литературата, извонредно ги паметеше настаните и луѓето и често се шегуваше дека во пензионерските денови ќе се посвети на славните жители на штипско Ново Село, каде живееше. Првата книга требаше да биде посветена на нејзиниот свекор, Трајче Крстев – Бирија и славните новоселски изрази.

Погребот е утре (27 септември) на Градските гробишта во Штип во 13 часот