Фолк – пејачка го исполни ветувањето на матурантка која преживеа врсничко насилство – сите останаа без зборови

Пејачката Сека Алексиќ секогаш се бори против неправдата и угнетувањето, а неодамна ја вознемири веста за девојче кое децата го омаловажуваат поради нејзината националност и никој од врсниците не сакал да оди на матура со неа.

Откако ја видела објавата на социјалните мрежи, таа го контактирала семејството на девојчето и ги известила дека ќе оди со неа на матура.

Сека го исполни ветувањето и посети Ромка од Врбас која претрпе насилство од врсници. Таа пристигна во својот град и со огромен букет цвеќе, ја прегрна девојката, ја фати за рака и отиде на матура.

Девојчето блескаше во црн фустан, а кога ја здогледа својата придружничка која со цело срце стоеше покрај неа, падна во прегратка и ја бакна.

Да потсетиме, се започна кога корисник на Твитер објави приказна за девојче кое трпи насилство од врсници во основното училиште „Петар Петровиќ Његош“ во Врбас.

-Девојките донесоа бакарна жица во училиште за да ја исмеваат затоа што е Ромка, во смисла дека собираш бакар, па ајде да учествуваме. Таткото вози камион во Европа, а мајката води цвеќарница. Никој не сака да оди на матура со неа… И сите молчат! Така учествуваат во насилството. Дали е ова Србија што ја сакаме? – објавила непозната жена, а Сека веднаш решила да застане покрај девојката и да и биде голема поддршка.

– Со неа одам на матура! Каде е таа девојка – напиша пејачката на Твитер, а акцијата ја поддржаа и многу јавни личности, кои изјавија и дека сакаат да присуствуваат на мала матура во Врбас.