(ФОТО) Александра Заева покажа со тато Зоран во какво зајдисонце уживаат на Илинден

Како и за многумина познати лица од јавниот живот, така и за политичарите, обичниот човек сака да дознае нешто повеќе од нивниот приватен живот.

Општо познато е дека поранешниот премиер Зоран Заев важи за доста опуштен лик кој често знае да излезе од протоколарните говори и да ги насмее и орасположи новинарите, но и граѓаните.

Заев е фамилијарен човек и е во брак со сопругата Зорица со која имаат две деца. Ќерката Александра и синот Душко.

Иако не го гледаме често на телевизиските екрани, а и не се појавува на социјалните мрежи, Заев своето слободно време во лето го користи за да го помине со најблиските.

За тоа посведочи фотографијата објавена на Инстаграм приказна од страна на неговата ќерка Александра од каде може да се забележи дека се наоѓаат покрај море, прегрнати како татко и ќерка додека трае зајдисонцето позади нив.