(ФОТО) Анета Мoлика непрепознатлива – нашето бисерно грло го промени имиџот по долго време

Анета Мицевска или во јавноста позната како Анета Молика е пејачката со најубав глас на нашата музичка сцена. Не постои песна која Анета не може да ја испее, а со својот ангелски глас да ја разнежни публиката.

Докажани, етаблирани во својата работа, како група постојат повеќе од 20 години а може да се пофалат со преполни концертни сали и ризница хитови кои сите ги знаат.

Анета скоро целата јавност ја знае со прекарот Молика, но во музичката емисија Фолк парада Анета откри детали за еден необичен прекар кој освен блиски луѓе, повеќе не го знаат.

– Мене Ванчо ме викаат, главниот прекар ми е Молика по кој ме познаваат сите, но си имам и во потесниот круг, Ванчо.

Тоа беше уште кога беше Стив со нас, на некоја свадба. Тогаш тој најавуваше почеток и крај и наместо Анета, Ванета ме кажа во брзањето. Од Ванета, Ване и на крајот Ванчо, никој не ме вика на име.

Анета е скромна жена која не се замара многу околу тоа дали носи брендирана облека или не и, како што вели дури не сака ни да купува брендови, најчесто си носи тренерки и обични маици.

Нејзиниот изглед секогаш е природен како што и доликува, остава годините да си го направат своето кога станува збор и за физикусот, но и за кожата, па раскажа дали правела некоја пластична опер ација.

Препознатлива е со нејзината темна црна коса, а понекогаш знае и да „извади“ по некој светол прамен. Но, овојпат, Анета целосно го промени имиџот со нова костенлива боја на косата.

Имено, од настапот во Америка, на социјалните мрежи се појавија фотографии заедно со нејзината колешка Елена Велевска со која мора да признаеме сега многу си личат.