(ФОТО) Анета откако се разведе од Џими во опуштено издание со други колеги- наздравија со ракија и салата

Доколку кажеме Анета Љумаковска, многумина од вас на прва нема да заклучак за која наша пејачка станува збор. Но кога ќе се спомне Анета Молика, тогаш работата станува многу појасна.

Оваа промена во презмето настана неодамна откако решија да се разведат со својот долгогодишен сопруг Џими.

Од нивниот брак ја имаат ќерката Моника. Меѓутоа пред околу месец дена како гром од ведро небо се прошири веста дека Анета и Џими спогодбено се разведуваат.

Парот после 22 години заеднички живот решија да се разделат и секој да си тргне по својот пат. Оваа вест ја потврдија и двајцата.

Се чини Анета веќе го преболе Џими, па по објавите на социјалните мрежи може да се заклучи дека добро си поминува.

Па така денес се појави фотографија од трпеза на која седи со колегите Благоја Грујовски и Благојче Стојановски Туше. Наздравуваат со чашка ракија, а пред нив има салата.