(ФОТО) Аца Лукас си ја проба среќата и во нашата држава: По настапот во Македонска Каменица заврши во казино

Српскиот пејач Александар Вуксановиќ или за јавноста познат како Аца Лукас ова летов е чест гостин во нашата држава.

Па така беше случај и вчера кога беше главна ѕвезда во Македонска Каменица каде што пееше на градскиот плоштад.

Откако му заврши настапот, Аца Лукас продолжи на своевидно „афтер парти“ со за него „вообичаена“ забава.

Јавна тајна е дека Аца Лукас ги сака игрите на среќа, па голем дел од своите пари троши токму на нив.

Доказ за тоа е што по вчерашниот настап Аца Лукас заврши во едно македонско казино во истокот од државата, а за тоа сведочат многубројните фотографии на социјалните мрежи кои ги направија неговите фанови додека тој седеше и играше пред слот машина.