(ФОТО) Боки 13 покажа како ја дочека Нова Година, па упати емотивна порака

Бојан Јовановски или Боки 13 по неколку години пауза конечно ја дочека Нова Година надвор од зад решетките.

Тој на социјалните мрежи се огласи со неколку фотографии покрај елка и притоа напиша:

Домот е најскапоценото место на светот,Среќна Нова 2024 !!!

Во Новата 2024 ќе ви посакам бесконечна среќа и здравје, многу радости и благосостојба. И верувајте, и верувајте, и силнооо верувајтее и никогаш не се откажувајте од своите цели ма колку и да е тешко и невозможно.

Силната верба, искрената желба и позитивната мисла помагаат ! Да сте ми живи и здрави.