(ФОТО) Васил Гарванлиев планира свадба наскоро: Ќе биде толку голема за да се собереме сите заедно

Васил Гарванлиев како преставник на Евровизија ја бра нуваше јавноста со спотот за песната која не преставуваше поради кадри со инсталација која наликуваше на бугарско знаме.

Уште повеќе, јавноста реагираше по негово интервју во кое кажа дека има бугарски пасош, но набрзо се извини пред јавноста и објасни дека пасошот го имал поради семејни безбедн осни причини.

Тој ѝ е познат на македонската јавност како детето што ја испеа познатата песна „Марионка“ на фестивалот „Златно славејче“ пред 28 години.

Беше македонски претставник на 65тото издание на Евровизија и во Ротердам, Холандија се претстави со песната за која кажа дека е автобиографска и ја напишал во еден здив.

Моментално живее и работи на својата кариера во Америка. Минатата година сподели новост дека се сврши со својот партнер и не поминува повод а да не сподели среќен момент со него. Така и овојпат:

„Секој има своја… ова е увид во нашата љубовна приказна.Повлечете десно на Тиндер= неверојатен прв состанок каде што направив будала од себе во првите 3 минути

Тој планира запросување со мојата најдобра пријателка во моето омилено место во Њујорк … и ја фаќам како ме снима додека тој го кажува прашањето.

Петок, 13-ти мај, се венчавме во нашиот двор од неговиот најдобар пријател. Планови за свадба: Наското. Ќе биде толку голема за да можеме сите да се собереме и да славиме еден со друг

Љубовта победува. Ви посакуваме на сите Среќен Ден на вљубените од нас двајцата“, напиша Гарванлиев.