(ФОТО) Доктор Вело видно насмеан – многумина би му завиделе на неговото богатство

Д-р Вело Марковски важи за еден од попознатите македонски доктори, како поради своите успеси на професионално поле, така и поради својот приватен живот.

Како што е познато тој е во брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска со која доби има две деца.

За Евгенија е е познато дека е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

– Се запознавме на факлутет таму јас предавав тоа беше еден тажен период, Евгенија беше една од најдобрите студенти и бев изненаден од нејзиното знаење, изјави докторот во една прилика.

– Без никакви очекување ја започнавме врската и не очекувавме дека ќе заврши врската со брак и со деца. Најмногу ме осови неговиот однос кој е грижлив, се согласува Евгенија.

Тие двајцата не ја кријат својата љубов, па Евгенија често знае на нејзиниот профил на социјалните мрежи да сподели приватни моменти од нивниот живот.

Така, овојпат, Евгенија сподели убава фотографија од нив двајцата кога присуствувале на Виенскиот бал во Скопје.

Мора да се забележи дека докторот е навистина среќен покрај својата сопруга која плени со долгиот балски црвен фустан.