(ФОТО) Врчак изгледа навистина решил да се враќа на музичката сцена – еве во какво друштво беше

Раде Врчаковски-Врчак некогаш еден од најпознатите македонски пејачи по долги години апстинеција реши да се врати на музичката сцена.

Минатата година објави нова песна, а неодамна и имаше настап со Ламбе Алабаковски, исто така повратник на музичката сцена.

Во 2008 година заедно со Тамара Тодевски и Адријан Гаџа ги бранеа боите на Македонија на Евровизија. А зад себе има бројни безвремени хитови.

Врчак по речиси една деценија пауза се врати со нов имиџ во јавноста, а се чини по најновата објава има намера сериозно да се врати на музичката сцена.

Панчо од ДНК објави заедничка фотка со неговиот ортак Андреј на која е и Врчак, а истата е направена во музичко студио и притоа напиша: Спремни за ДНК х ВРЧАК.