Анета Молика откри што жртвувала најмногу за кариерата: Цел живот не ја видов што ми е многу криво

Анета Мицевска или во јавноста позната како Анета Молика е пејачката со најубав глас на нашата музичка сцена. Не постои песна која Анета не може да ја испее, а со својот ангелски глас да ја разнежни публиката.

Анета скоро целата јавност ја знае со прекарот Молика, но во музичката емисија Фолк парада Анета откри детали за еден необичен прекар кој освен блиски луѓе, повеќе не го знаат.

– Мене Ванчо ме викаат, главниот прекар ми е Молика по кој ме познаваат сите, но си имам и во потесниот круг, Ванчо.Тоа беше уште кога беше Стив со нас, на некоја свадба. Тогаш тој најавуваше почеток и крај и наместо Анета, Ванета ме кажа во брзањето. Од Ванета, Ване и на крајот Ванчо, никој не ме вика на име, кажа Анета.

Анета беше гостинка во емисијата на Жаре Бербер каде раскажа дека првпат на сцена се појавила на 6 години и откри што морала да жртвува како жена за да го постигне се она што го постигна досега во кариерата како пејачка.

– Прво што жртвував е ќерката. Значи, јас ја добив неа и ја оставив кај мајка ми. Јас цел живот неа не ја видов, тоа ми е најголемата жртва што ја направив во мојата кариера, што ми е многу криво.

Меѓутоа, ете немало друг излез, тогаш почнувавме да растеме како име, како група, не ни сакам да биде повеќе од ова, доволно не знаат, доволно сме познати, јас сум задоволна од ова што го работиме и го имаме, а жртва е семејството секогаш, приватноста.