Гавазова се огласи утрово: Откри дали ќе пее денес и дали е припаѓа на некоја политичка партија

Неколку македонски пејачки како Јордан Митев, Ефто Пупиновски, Адријана Ацевска.. го откажаа својот настап денес за прославата на 8-ми септември.

Сепак публиката нема да биде ускратена и ќе има изведувачи. Една од најпознатите фолкерки кај нас, Сузана Гавазова се огласи на социјалните мрежи и порача:

Добарен мои Македонци и Македонки. Сакам од се срце да ви го честитам празникот 8-ми септември, денот на нашата татковина, денот на независна република Македонија.

Да сте ми живи и здрави Македонци каде и да сте во светот. Инаку сакам да ви кажам дека денес ќе пеам во Скопје. Ќе пеам за нашата мила земја Македонија и за нашите Македонци.

Инаку да ви кажам не припаѓам ниту на една политичка партија, припапаѓам на Македонија, на Македонци на македонската музика и песна. Ве сакам Македонци.