(ФОТО) Познатиот македонски фолкер доби скап подарок: Пријатно изненаден од моите верни фанови

Меѓу плеадата фолк пејачи во Македонија е и Христијан Кико Божинов, познат како дел од популарниот македонски фолк бенд „Болеро“.

Познати како Кико и Болеро, заедно постигнуваат огромни успеси како кај нас така и кај дијаспората. Со нив никогаш нема „утка“, а забавата секогаш е загарантирана.

Македонците и нашинците во дијаспората ги обожаваат неговите песни кои со исполнето срце се пејат на цел глас. Кико едно време направи пауза од групата ,,Болеро”, која траеше 2 години, а потоа ги изненади фановите кога повторно се врати со неа.

Како еден од најдобрите македонски вокали, тој функционира одлично каде и да запее. Болеро бенд зад себе има долгодишен успех кој е проширен низ целиот свет.

Откако ги укинаа мерките, Кико и Болеро постојано се некаде на пат, било да е тоа низ Европа, Америка или Австралија.

Инаку приватно, Христијан Кико Божинов е фамилијарен човек и татко на две ќерки. Скромен по природа, не сака многу да се фали освен кога споделува моменти од настапи, но овојпат не можеше да се воздржи.

Кико е толку обожуван и почитуван од своите фанови коишто му приредија изненадување и му подарија телефон марка Ајфон.

Не објавувам такви работи, но ова морав да го објавам. Пријатно изненаден од моите верни фанови…..Ви благодарам за убавиот божиќен подарок, напиша Кико на Фејсбук.