Перо Камиказа до својот колега музичар: Ваков срам не ни приредил никој, овие лоши обиди не ви личат

На прагот на емитувањето на Златна бубамара на популарноста 2023та, на Фејсбук се разви дебата помеѓу членот на група Меморија – Петар Георгиевски Камиказа, Владимир Блажев и нивни фанови.

Имено, оваа година наградата за концерт на годината ќе ја добие групата „Меморија“. За тоа Владимир Блажев искоментира:

Deniz Dautoğlu Petar Georgievski – Kamikaza Поздрав до двајцата пред се, гледам сте развиле фина дебата. Дениз, Буба Мара е приватен настан и факт е дека не можеш да му замериш на бато Ранко бидејќи е негов настан и прави како што он мисли дека треба, тоест според негови убедувања.

Каде имало повеќе луѓе е најмалку битно според мене и како што кажа господинот Перо некаде во погорните коментари дека е најбитно да има настани во и така сиромашната МК сцена.

Мене/нас како бенд и индивидуи со Андреј никогаш не ни биле наградите битни иако е добро да имаш признание за сработеното нели, па така и овој пат би кажал следново: Дај боже никогаш да не земеме награда од нигде, а концертите и настапите да ни бидат полни тоест преполни како овде на сликите кои си ги постирал.

Да, факт е верувам ќе се сложи и Перо дека имало доста повеќе луѓе кај нас но како што кажав погоре најмалце е тоа битно….

Побитно е да шириме љубаов, и музика, а наградите се бар според мене само нешто кое нема долго да се памти и ќе фаќа прашина на некои од домашните рафтови.Имајте убав ден и двајцата и секое добро.

На тоа Петар одговори: Vladimir Blazev Еве го одговорот!!!За да не бидам погрешно сфатен.Бројката за само една песна , кажува се 6.100.000, и кусур(Дирлада)!!!

И таа 2017 исто беше, ни се љутевте зошто не вие, туку ние добивме концерт на годината 2017!Ете зошто!!!Сега отидовте уште понапред,во правење споредби,па и кампања терате.

Ние само дела сме оставале и ќе оставаме!Имаме добиено преку 50 награди за се и сешто со Меморија, но никогаш ваков “срам“ не ни приредил никој.Ниту баравме, ниту ни е требна награда.

Ова е одолжување на Ранко за рекламата што ни ја даде за концертот и толку!!!Од сабајле правевте скрин шотови од нашиот концерт со предгрупата, за да не изблатите!На вис Меморија која има близу 20 000 иљади фанови, ви го најавивме, подржавме и рекламиравме концертот максимално.Вие нашиот не?!

Во иднина остајте времето да говори за вас.На добар пат сте.Едени од ретките што знаете да си ја работите работата ко што треба,за што се радувам и ве подржувам во скоро секое мое интервју или Ф.Б. статус.

Затоа овие лоши п.р. обиди не ви личат!!!И да, концертот ви беше прекрасен.Кога се јави Ранко му викам:Дај им ја наградата на децава од ДНК, ним повеќе ќе им значи!!!

Ранко вика:Баце тоа не е твоја работа,ќе свирите или не?!И ?! да го одбијам,да си ја затворам вратата во најслушаното радио?!Инаку песната “Дирлада“ има 6.100.000 и кусур прегледи, па не е песна на годината на ни една Буба Мара!

Па што? Да се гледаме за убаво, и да не се добројуваме,колку сме толку сме, Македонци сме!!!Да живе Македонија 6,132,099 views Dec 19, Официјално видео на песната “Дирлада„ од концертот на Меморија во Метрополис арена 2017.