(ФОТО) Голем пожар пеплосa гробишта во ова македонско место

Шумските пожари иако влеговме во месец октомври и понатаму не запираат во Македонија. За жал секојдневно бележиме нов и тоа од големи размери.

Пожарникарите, хеликоптерите на АРМ и МВР, авионите на ДЗС и други чинители секојдневно се борат со огненните јазици.

Бурен ден денес имаше Територијалната противпожарна единица Кавадарц, а за што информираше градоначалникот Митко Јанчево.

Денес благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Кавадарци, на три локации на отворено -ваташки гробишта, под каналот кај село Манастирец и на релација село Бегниште – Кошани, е спречено ширење на пожари без поголема материјална штета. Инаку според информациите кои ги имаме од терен, човек е причината за предизвикување на истите.