(ФОТО) Гранит Џака победата на Србија ја прослави со провокација – во се беше вмешан и Македонец

Фудбалската репрезентација на Србија дојде со големи амбиции во Катар, меѓутоа ги заврши настапите во групната фаза откако го загуби клучниот дуел против Швајцарија (2-3) во рамки на третата рунда.

Играч на натпреварот е Џердан Шаќири, кој блескаше со гол и две асистенции. Освен него одличен беше и Гранит Џака, исто така како Шаќиеи етнички Албанец.

Очекувано на тернот имаше многу ситуации каде што фудбалерите на двете селекции се обидуваа да прово цираат секој на свој начин.

Помалку познато податок е дека на клупата за Швајцарија беше и фудбалер кој има потекло од Македонија.

Тоа е Ардон Јашари кој има 19 години и е роден во Швајцарија. Игра во средниот ред и тоа за Луцерн, а има македонски корени, поточно од Куманово.

Токму Џака со дресот на Јашари на крај ја славеше големата победа над Швајцарија и пласман во 1/8 финалето.

Многумина сметат дека тој не случајно го зел дресот на својот соиграч, поточно поради тоа што има исто презиме со Адем Јашари.