(ФОТО) Дебарлиева се присети на дамнешни спомени – нема да ја препознаете како мало девојче

Важи за добро впечатлив лик и воедно име и презиме кое веќе е со години на малите екрани, а тоа е Билјана Дебарлиева.

Популарната Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува.

За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.

Билјана jа гази петтата деценија од животот, но тоа не би го рекле за неа според нејзиниот физички изглед.Плени со својата убавина, нежност и неверојатна харизма.

Таа неодамна се реши за промена на својата работна позиција, па од Канал 5 направи трансфер на ТВ Телма.

Најголемиот дел од јавноста ја знае како елегантна, средена дама за на телевизиските екрани, но Дебарлиева во последната објава на Инстаграм сподели интересна фотографија од детството на која е во народна носија.

Кога ќе се сетиш дека во подзаборавениот албум од детството имаш убав спомен од пред 40-тина години. Лазарова сабота, убав ден, празник, кога како дете, секоја година во родното село на мајка ми, Велгошти,бев дел од традиција во пресрет на Цветници.