(ФОТО) Игор Џамбазов тагува: Денес мојата Емче замина на небото

Водителот, шоумен, музичар и писател или човек со многу професии како што го нарекуваат – тоа е Игор Џамбазов кој каде и да се појави или што и да објави на социјалните мрежи привлекува внимание.

Игор Џамбазов со оправдание го носи епитетот на еден од најдобрите и најпознати Македонци, човек со неколку професии.

Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде споделува објави од најразличен вид.

Неретко ќе видиме некоја слика или видео од неговата миленица – мачката Емче која веќе подолго време му е дел од животот.

Но, денеска, Џамбазов сподели тажна вест која го погоди а која ќе ја разберат само оние кои чуваат или некогаш чувале милениче:

Денес мојата Емче замина на небото. Најмилото сонце мое…емилијаџамбазовабавчанскадојранлиева