(ФОТО) Колегата го откри: Еве со која македонска убавица Зоки Фаци и официјално е заедно

Зоран Василевски, или на јавноста попознат под прекарот Зоки – Фаци, познат македонски естраден новинар кој нема медиум во кој не работел. Дневен весник, магазини, портали, ТВ… Но сепак, најзапазен по своите телевизиски емисии и остварувања.

Особено по тоа што Зоки никогаш немал „влакна на јазикот“, па без пардон знаел на познатите да им го „каже в лице“ пред камера или зад неа, сеедно.

Во неговиот новинарски период, под лупа беа сите познати македонски јавни личности, пред се од естрадата, пејачки, водителки и манекенки.

По долго време, Зоки Фаци повторно застана пред камерите, односно на јутјуб каналот на ,,Лазаров” каде што имаат поткаст.

Овојпат неговиот колега Стефан Лазаров го издаде и објави на инстаграм како Зоки Фаци се бакнува со една згодна македонка и напиша дека официјално сега се заедно

Станува збор за Агнеса Органџиева која во медиумскиот простор се експонираше по разводот со нејзиниот сопруг Роберт Орданоски инаку екс-директрот на АЕК.