(ФОТО) Лила Филиповска полугола во кревет се фотографираше под чаршаф со маж

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска е присутна на телевизија повеќе од две децении, време за кое стана симбол за најуспешно телевизиско лице што нема кој не го познава.

Нејзината популарност до израз доаѓа со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“.

Повеќе од една деценија секојдневно ја гледаме во квизот „Се или нешто“ каде е незаменлива домаќинка, но ретко или речиси воопшто не ја гледаме да се појави како гостинка во други телевизиски формати.

Естрадниот свет и неговите кругови знаат дека Спасе Јовановски, презентерот од временска прогноза, и е „помошникот“ на Лила Филиповска кој воедно е нејзин најдобар другар со кој Лила се дружи уште од многу одамна.

Каде е Лила, таму е и Спасе, па така и овојпат, Лила по бањарка во кревет, а таму е и Спасе под белите чаршафи каде се снимаат за ТикТок и имитираат некоја српска снимка.