Ременски се наврати на Сергеј Самсоненко и неговиот „спортски влез“ преку Сашо Мијалков

Поранешната министерка Форсина Ременски реши уште еднаш да се огласи на својо профил на фејсбук каде што напиаш:

Не знам колку се сеќавате на рускиот олигарх Сергеј Самсоненко и неговиот “спортски влез” преку Сашо Мијалков и неговата компанија во УБК.
Тој “спортски влог” на Самсоненко првично преку кладилници, подоцна му послужи да се етаблира во бизнисот со градежништво, хотели, оф-шор компании, удели и прикривање на незаконски стекнат имот на неговите “вратари”.

Не знам колку се сеќавате, кога во 2022 година Сашо Мијалков и Никола Груевски беа ставени на црната листа на САД и кога Мијалков се “пазареше” со Вилма за затворски туризам и 36-те милиони евра во долгата листа на скриен имот …, истиот тој Самсоненко беше лице во чии бизниси и имоти се криело “спечаленото” од страна на стожерот на заробената држава – Мијалков и неговите сателити.

И овој “спортски влез” на украинскиот олигарх со руско државјанство во државата е направен по сличен, но малку модифициран начин.

Модификацијата на патот за влез ја остваруваат контакт-точките на Мијалковата клиентела од УБК, која транзитираше како “професионална” со непотизам и корупција преку Горан Николовски-Џони (кираџијата на адвокатот на Мијалков и Камчев – Антонио Апостолски), за да остане да фирее во неколку контакт-точки во АНБ како клучни во оваа постапка за давање на позитивен транзит на Олексадр Онишченко во македонско државјанство.

Ако на оваа транзитна компонента се додаде вое но-разузнавачкиот дел на една од контакт-точките и другарите со кои “во група” дојдоа во УБК сосе нивниот газда Мијалков (Горан Грујевски, Александар Боцинов, Љупчо Петков, Даниела Ѓошевска, Стојан Павловски и др.), тогаш треба да се види кој одработи клиентелистички и по руски во овој случај …, наспроти америчката улога што си ја препишуваат.

Да не излезе на крајот дека, најголемите транзитни “професионалци” биле и останале скриен олигархиски штит на проруските врски на својот/своите газди кои во зафатот за обезбедување лојалност и верност “до гроб” им вработувале цели фамилии во службите, фино ги привилегирале на високи позиции, за да бидат повисока брана за нивна заштита.

Се пропуштија многу шанси во минатото, за да се расчисти со овие извршителски алки. Случајот со “спец-касата во УБК” во кој не настрадаа неколкумина побитни од шефот на кабинет на Мијалков е само еден од тие случаи преку кои со обвинителска асистенција “ала Џони” на другарка му Вилма се зголеми “влогот во лојалниста и клиентелизмот”, токму за вакви услуги кога “мечка треба да се протне низ иглени уши”.

Овој случај со државјанството на Онишченко е шанса која мора да послужи и ќе послужи да се санкционираат овие лоцирани алки во системот.