(ФОТО) Македонија и се е можно – наши министри боддрат репрезентација на друга држава

Македонската репрезентација моментално ја води последната битка за квалификација за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година.

Нашиот национален тим уште ја чека првата победа со Англичаните. Во пет меѓусебни средби два дуели завршија нерешено, тие беа на гостинско тло, а три беа порази.

Со распродадени билети, додека репрезентацијата на Македонија вечерва ги одмерува силите со Англија на арената „Тодор Проески“ во Скопје, дел од министрите во македонската Влада се наоѓаат во Тирана каде што  и даваат поддршка на Албанија во дуелот против Фарските острови.

Вицепремиерот Артан Груби и министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва наместо на трибините на Градски се наоѓаат во албанската престолнина, каде што ќе го слават и официјалниот пласман на нашиот западен сосед на ЕП 2024.

Ваквиот потег на министри во било која друга држава би бил оценет како скандалозен и би бил осуден во јавноста. Особено што во составот на Македонија играат солиден број фудбалери од албанска националност како Мислиу, Барди, Алими и Алиоски.