(ФОТО) Македонската пејачка згрме по сметката за струја што ја доби: Алоо ЕВН дали сте нормални

Изминативе денови граѓаните се соочуваат со енормно високи цени на сметките за електрична енергија за што пријавија и по медиумите.

Се реагира за сметки над 18.000 денари, а што е уште пострашно граѓанка објави ф-ра за ел. енергија од 148.000 ден. или 2500 евра која е за четири месеци збирно, така што во просек доаѓа дека треба да плати по 36 000 денари месечно.

Помеѓу побунетите е и наша позната фолк – пејачка која на Инстаграм профилот ја сподели сметката за струја.

Имено, станува збор за битолчанката Марија Луиса Тодоровска која најчесто настапува во Скопје. Таа на Инстаграм стори напиша:

Алоо ЕВН дали сте нормални јас сама да потрошам толку струја не е реално. ПС вибраторот не ми е на струја.