(ФОТО) Максим Димитриевски се пофали со гостите во семејството: Многу може да се научи од нив

Првиот човек на Општина Куманово, Максим Димитриевски често знае да привлече внимание во јавноста поради своите потези и ставови.

Успеа да добие втор мандат како градоначалник на Куманово, овојпат како независен кандидат што на некој начин е потврда дека граѓаните го сакаат.

Тој освен што е успешен во својата кариера, исто така е и семеен човек, сопруг и татко на три деца – Милан, Вероника и Димитар.

Често е активен на социјалните мрежи каде споделува моменти како од професионалниот, така и од приватниот живот. Така и овојпат:

Нов гост во семејството, пар гулаби кои се посветени еден на друг и на идните поколенија – Многу може да се научи од нив!