(ФОТО) Најпознатиот Македонец од Австралија се пофали кој наш пијалок го пие, но тоа не е ракија

Александар Волкановски дефинитивно во светото е најпознатиот Македоенцо од Австралија.

Тој е ММА борец и не е само шампион кој ја одбранил титулата три пати во перо категорија (до 65 кг) во најпрестижната ММА организација на светотУФЦ туку е на второ место во вкупната ранг-листа во сите категории во UFC. Тој е на апсолутниот врв на спортот во светски рамки.

Тој е оден е во Австралија во 1988 година. Неговиот татко е по потекло од село Беранци во близина на Могила додека неговата мајка е по потекло од Егејска Македонија.

Волкановски ја негува македонската традиција и редовно се фотографира со сонцето од Кутлеш. Освент тоа многупати покажал дека ја сака и нашата храна.

Иако се бори под знамето на својата родна држава Австралија, тој не ги заборава своите корени за што често може да се види на социјалните мрежи.

Имено тој е доста активен на својот инстаграм профил кој е милионски. Ако се пребара по неговите објави можат да се забележат јасни објави за Македонија, како пример таа кога фудбалската селекција на нашата држава се пласираше на ЕП, а тој честиташе.

Овојпат Волкановски уште една покажа дека родната држава на неговите родители, Македонија му е при срце.

Имено на стори објава тој сподели како пие традицонален македонски пијалок, но тоа не е ракија.

Станува збор за сокот Газоза од прилепска пивар, производ кој си доби воедно и голема бесплатна реклама.