(ФОТО) Пожарите не се шега: Бате Аце од Штип со Брза помош и во инвалидска количка заврши во болница

Сезоната на шумски пожари во Македонија иако летото замина се уште не е готова, напротив во последната седмица бележиме бројни и големи пожари на отворено.

Изминатите неколку дена ситуацијата особено беше критична во истокот од Македонија, пред се во Штип.

Два големи шумски пожари беснееја неколку дена, а во скротување на истите беа ангажирани педесетина пожарникари од регионот, како и воздухоплови на МВР и ДЗС.

Дека пожарите можат да бидат опасни по луѓето, а особено пожарникарите кои се изложени најмногу покажа и спасувањето на изгубен пожарникар во Штип пред некој ден.

Но тоа не беше се, со оглед на тоа што Александар Георгиевски или во јавноста познат и како Бате Аце кој е голем хуманис, а работи како професионален пожарникар, заврши во болница.

Имено тој на својот фејсбук профил објави фотографија од пред влезот на болницата во Штип на која се наоѓа тој во инвалидска количка со нога го гипс. Во позадина се гледа комбе на Брзата помош, како и колега кој ја турка количката во која се наоѓа Аце.

Сакаш пожарникар да бидеш Ацка е не е лесна ни малку таа – напиша тој.