(ФОТО) Први фотки од големиот одрон кој ги отчече овиe два македонски града – тешка механизација на терен

Авто мото сојузот на Македонија постојано информира за новостите на патиштата ширум нашата држава.

– 12:05 ч. регионалниот пат с.Извор – с.Иванчишта (Кичево) е затворен за сообраќај, поради одрон/свлечиште на патот.

-На патниот правец Куманово – К.Паланка (пред Страцин) поради поголем одрон сообраќајот е во прекин. Екипите на ЈП Македонијапат се на терен и работат на расчистување и нормализација на сообраќајот. Засега сообраќајот се одвива по алтернативни регионални патишта.

Директорот на „Македонија Пат“, Костадин Ацевски лично излезе на терен и објави каква е состојбата.

-Македонија Пат со помош на Страбаг во санирање на последиците од големиот одрон на магистралниот пат Куманово – Страцин