(ФОТО) Протеко нови фотки од киднапирањето на Вања и Панче – најавени и снимки

Српскиот политичар, Срѓан Ного одново ја бранува јавноста со нови фото и видео докази поврзани со киднапирањето на Панче и Вања.

„Ексклузивно ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07:29 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите. И ексклузивно објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес.

Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупча Палевски Палчи и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Бор Видевски од Велес. Очекувајте ексклузива во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме“, напиша Ного на „Твитер“.

Во следна објава ја споделува и фотографијата од возилото на бензиска пумпа.

„Палчо или Панчо? Ексклузивно: снимка од Панчо Жежовски на бензинска со неговиот ‘киднапер’“,